282
Натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Косово кој е закажан за 26. март ќе се игра пред празни трибини.
На прес конференција министерот за здравство Венко Филипче потврди дека меѓудругото Владата донела одлука спортските натпревари во наредните 30 денови да се играат без публика.
Натпреварот меѓу Македонија и Косово беше распродаден, Арената „Тодор Проески“ требаше да биде полна за овој важен дуел, но тоа нема да се случи. Во наредниот период ФФМ ќе излезе со информација како ќе им бидат вратени парите на луѓето кои купиле билети.