ФФМ се пофали дека за три дена се распродадени билетите за Македонија-Косово, а од Владата препорачуваат да се игра без публика

by
1 минути читање

Речиси во исто
време, две различни соопштение за пресметката помеѓу Македонија и Косово во
баражот за Европското првенство.

Од ФФМ се пофалија дека по само три дена,
мечот е распродаден и повеќе нема билети.

Од друга страна,
Министерот за здравство, Венко Филипче имаше прес конференција во Владата на
Македонија на која изјави дека лично препорачува натпреварот на „Тодор Проески“
да се игра без публика како превентива од ширење на коронавирусот.

„Лично сметам дека за сите спортски натпревари, вклучително
и Македонија-Косово, ние треба да бидеме вниматели и да се игра без публика.
Зошто? Бидејќи на такви натпревари, посебно меѓународни, ќе има гости од
странство. Тој спортски натпревар е нешто покасно, после 20. март. Оваа забрана
ќе ја препорачаме да трае уште една недела, до 13. март“
– изјави Венко Филипче.

Очигледно
навивачите во следните денови ќе бидат во исчекување на конечната одлука. Во
моментов во Македонија има само еден случај на заразен со коронавирус, но во
Европа, бројката секојдневно раста, особено драматично е во Италија, каде фудбал ќе се игра
зад затворени врати до 3. април.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×