Билетите за Македонија – Косово се пуштени во продажба, еден човек ќе може да купи само една влезница

by
1 минути читање

На 26. март Македонија игра против Косово полуфинален меч од Лигата на нации, интересот за влезници е голем, од денеска тие се пуштени во продажба.

Влезници ќе се купуваат преку продажната мрежа на „МКТикетс“ и неколку избрани места: „Билетара на Национална арена „Тодор Проески“ (секој ден од 10:00 до 18:00 часот)“, „T.A. Глобус – Охрид“, „T.A. Бран – Прилеп“, „Кафе бар „Концепт“ – Струмица“, „Симбол Кафе – Штип“, „Литература – Битола“, „Киоск Корзо – Неготино“, „Уни сон – Велес“, „Тобако Лени + – Гевгелија“, „Либеро Травел – Кочани“.

Влезниците чинат по 300 и 400 денари, ќе се продаваат само за јужната и северната трибина. Онлајн не може да се набават.

Влезниците ќе бидат персонализирани. Еден човек може да купи само една влезница со приложување на лична карта. На влезницата ќе го има неговото име и презиме и само тој ќе може да влезе на стадионот со тој билет. Ваквиот строг режим е со цел да се избегне препродажба на влезници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×