323
На отварањето на
21. коло во ПМФЛ, Вардар испушти два бода во дуелот со Работнички на „Тодор
Проески“. „Црвено-црните“ беа подобар противник во градското дерби, неколку пати
се заканија по голот на противникот а во последните секунди од мечот добија и
најстрога казна.
Еден играч на
дебармаалци играше со рака при акцијата на Аврамовски и Колевски, па судијата
Јосип Бартон покажа на белата точка.
Дарко Мицевски ја
превзеде одговорноста да донесе победа во 97. минута, но биеше лошо и голманот
Ристе Јанков му одбрани за голема радост на „романтичарите“.
На вториот денешен
натпревар исто така немаше голови, Струга Трим Лум и Силекс одиграа 0-0.