Фудбалските натпревари во Македонија ќе се играат без публика поради коронавирусот

by
1 минути читање

Поради актуелната состојба со коронавирусот Владата на Република Македонија на денешната седница препорача спортските натпревари во земјата до шести март да се играат без публика.

ФФМ ја прифати препораката и соопшти дека следните фудбалски натпревари ќе се играат без публика.

„По добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020. да се играат без присуство на публика, Фудбалската федерација на Македонија официјално потврдува сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад ќе се одиграат без присуство на публика“, стои во соопштението на ФФМ.

Оваа препорака важи до 6. март, а потоа во зависност од ситуацијата забраната ќе биде продолжена или укината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×