Драма во Ѓорче Петров и победа на „лавовите“ со пенал во 100-та минута, Шкендија се сопна кај Силекс

by
1 минути читање

Денешните
натпревари од 18. коло во ПМФЛ донесоа неколку интересни пресметки. Во Кратово,
Силекс и Шкендија одиграа 0-0 и му направија услога на лидерот Вардар, кој сега
има +10 на врвот на табелата.

Во Ѓорче Петров
имаше драматичеен и возбудлив финиш, беше досуден пенал во последните мигови и
тоа на аистенција на четвртиот судија, откако главниот судија и неговиот
помошник не видоа очигледно играње со рака. Блажевски во 100-та минута ја
реализираше најстрогата казна и донесе победа за „лавовите“ од 1-0 над
Академија Пандев.

На арената „Тодор
Проески“, Работнички направи пресврт против Шкупи и стигна до значајни три бода
во борбата за опстанок. Гостите поведоа пред крајот на првиот дел со голот на
Исени, но Тошевски блесна во продолжението од мечот, два пати погоди и донесе
триумф од 2-1.

На последниот
натпревар, Ренова со 2-0 ја совлада Струга Трим Лум. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×