Два пенали и нови два гола на Роналдо за 50 погодока во дресот на Јувентус, Фиорентина падна во Торино (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ЦР7 ја продолжи
гол серијата, денеска против Фиорентина се запиша во листата на стрелците на
девети натпревар во низа и изедначи постигнување на Трезеге од 2005 година.

На
пет минути пред крајот на првиот дел, судијата покажа на белата точка за играње
со рака на Пецела откако прегледуваше со ВАР, а Кристијано
Роналдо погоди од пенал за 1-0.

Во 80. минута,
беше досуден нов пенал во корист на Јувентус, Бентанкур падна по еден дуел со
Чекерини, судијата покажа на белата точка а не ја промени одлуката ни откако ги
прегледуваше повторените снимки. Португалецот ја изведе и оваа најстрога казна
и стигна до 50 погодока во дресот на „старата дама“.

Во последните
мигови од мечот, Де Лихт ги постави конечните 3-0, Холанѓанецот остана осамен
по еден корнер и без многу мака ја затресе мрежата на Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×