280
Македонскиот фудбалер и капитен на Сараево, Крсте Велкоски е избран за играч на деценијата од фановите на овој клуб. Тие преку гласање на bordoboja.ba го одбираа нивниот најдобар фудбалер во изминатата деценија.
Велкоски за Сараево има одиграно 173 натпревари, постигнато 59 голови и 36 асистенции, тоа е најдобриот учинок на еден фудбалер во клубот во изминатите десет години.