Вардар е нашиот најдобар клуб на вечната листа по успешност во Лигата на шампионите, црвено-црните со осум учества во квалификациите се најдоа на 146 место на табелата.
Во тие осум настапи Вардар одиграл 24 натпревари, има пет победи, осум нерешени средби и 11 порази, постигнал 30 а примил 40 голови.
Втор најдобар македонски клуб е Работнички кој се најде на 186 местото, Шкендија е трета на 255 место, на листата се уште: 300 Слога Југомагнат (Шкупи), 342 Силекс, 387 Победа, 474 Македонија ЃП и 486 Ренова.
Најдобар клуб во историјата на Лигата на шампионите е Реал Мадрид со 50 учества и 13 трофеи, во топ десет се уште и Баерн Минхен, Барселона, Манчестер јунајтед, Јувентус, Милан, Ливерпул, Бенфика, Порто и Ајакс.