Арсенал освен што
ја искористи опцијата да ја продолжи соработката со македонскиот голман,
истовремено го врати од позајмицата во Словачка.
24 годишниот
македонски интернационалец Дејан Илиев останува дел од Арсенал до 2022. година,
ова доаѓа по одлуката на Премиерлигашот да ја искористи опцијата во договорот
помеѓу обете страни за дополнителни две години.
Истовремено во
Арсенал донесоа одлука да ја прекинат позајмицата на Илиев во тимот на Серед од
Словачка, иако беше предвидено Македонецот да брани на голот на таа екипа до
идното лето, по што тој се враќа на тренинзите во тимот од Лондон.
Интересно е тоа
што ваквите вести за иднината на Илиев доаѓаат откако на клупата на Арсенал
седна поранешниот фудбалер на таа екипа, Микел Артета, па останува дилемата
дали Шпанецот ќе смета на услугите на Илиев во првиот состав на
Премиерлигашот.
Најреалната варијанта која Арсенал се очекува да ја стори околу иднината на Илиев е да го испрати македонскиот голман на нова позајмица, иако не се исклучува можноста да биде резервна опција за голот на Премиерлигашот.