ФФМ донесе одлука: Натпреварот Македонија – Косово ќе се игра во Скопје

by
1 минути читање

Македонија ќе го
пречека Косово на 26. март, полуфиналето од плејофот во Лига на нации ќе се
игра на арената „Тодор Проески“ со почеток во 20:45 часот. Ова денеска беше
одлучено на состанокот кој го одржа Управниот одбор на Фудбалската федерација
на Македонија.

„УО на ФФМ донесе
одлука натпреварот Македонија – Косово од полуфиналето во Лига на Нации да се
одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Плеј-оф натпреварот
меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово се игра на 26. март
2020 година. Со официјален допис, ФФМ ќе ја извести и УЕФА за местото на
одигрување на натпреварот“
– стои во известувањето

Доколку
Македонија слави против Косово, ја чека финале против подобриот од пресметката
помеѓу Грузија и Белорусија. Овој меч „црвено-жолтите“ ќе го играат во гости.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×