2,4K
Како првопласирана во својата група од Лига Д во Лигата на нации, Македонија се пласираше ранг погоре, па во следната сезона од ова натпреварување ќе играме во Лига Ц.
Ждрепката за новата сезона од Лигата на нации ќе биде извршена на 3. март, а Македонија е сместена во вториот шешир.
Во првиот шешир од лигата Ц се: Грција, Албанија, Црна Гора и Грузија.
Во вториот шешир покрај Македонија се уште и Косово, Белорусија и Кипар.
Во третиот шешир се: Естонија, Словенија, Литванија и Луксембург.
Во четвртиот: Ерменија, Азербејџан, Казакстан и Молдавија.