Надежите се
изборија за настап во елитната рунда од квалификациите за ЕП и покрај тоа што
беа во незавидна ситуација во пресрет на последното коло. Попладнево ја
забележаа првата победа на турнирот во Скопје и го совладаа Луксембург со 3-0,
а за второто место на табелата „црвено-жолтите“ помош добија и од Англија.
Македонија лошо
го отвори мечот, Луксембург имаше неколку добри шанси, но откако го преживеавме
овој период, Тошевски погоди за 1-0 во 44. минута од мечот, а во судиското
надополнување на првиот дел Воша реализираше за 2-0.
Ви продолжението
од мечот, директот беше наш
сојузник, за потоа Мурати да стрела за 3-0. Коцките се наместија откако
Англија со два гола за две минути стигна до триумф против БиХ од 4-1.
Па Македонија
поради подобра гол разлика (3-5) се најде на второто место во групата со четири бода,
а Босна исто така со четири бода (гол разлика 2-4) го завзеде третото место. Англија е прва со максимален
учинок и девет бода, додека пак Луксембург со три порази е последен.
ФОТО: ffm.mk