Мечот помеѓу Фарски Острови и Македонија е одложен, новиот термин е во јуни догодина

by
1 минути читање

„Црвено-жолтите“ во рамките на 5. коло од квалификациите за Европското
првенство денеска гостуваа кај Фарски Острови, но уште вчера пристигна
информација дека мечот е под голем знак прашалник.

Проблем беа лошите услови и замрзнатиот терен. Утрово делегатот и луѓето од
УЕФА направија нова инспекција, констактирале дека нема услови за фудбал па
натпреварот мораше да биде одложен.

Новиот термин за дуелот е јуни следната година, тогаш има простор да се вметне мечот. Со
ова, младата репрезентација на Македонија ја завршува 2019 со две победи, реми
и пораз од актуелниот шампион Шпанија. „Црвената фурија“ е главен кандидат за
првото место во групата, а ибраниците на Благоја Милевски шанса за пласман на
Европското првенство ќе бараат како најдобро второпласирана репрезенација, клучен
ќе биде двомечот со Израел во март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×