Натпреварот против Франција за Албанија беше прв официјален на новиот стадион, но и нив им е јасно дека тешко може да се победи Светскиот шампион.
Франција славеше рутинска победа од 2-0 со голови постигнати во првото полувреме, Толисо и Гризман се запишаа во листата на стрелците.
Уште поубедлива беше Англија која со победа од 4-0 се враќа од гостувањето кај Косово.
Серијата погодоци за Англичаните ја отвори Винкс, а потоа погодија и Кејн, Рашфорд и Маунт.
Во другите мечеви кои се одиграа вчера Турција со 2-0 триумфираше во Андора, Исланд со 2-1 славеше на гостински терен кај Молдавија, Бугарија со 1-0 беше подобра од Чешка, Португалија со 2-0 го победи Лихтенштајн, а Србија и Украина одиграа нерешено 2-2.