Утрово голем број
на весници од Италија објавија дека Антонио Конте е под плициска заштита откако
добил куршум во коверт и заканувачко писмо.
Ваквите стории
предизвикаа бурна реакција од сопругата на стратегот, која на социјалните мрежи
посочи дека нема вистина во ова.
„Приказната за
куршумот е лага. Во Италија, навистина станавме лоши во комуникацијата. Ми се
чини дека луѓето кога ќе станат наутро, веднаш измислуваат нешто и го објавуваат
без притоа да помислат на последиците!“ – напиша Елисабета Мускарело на Фејсбук.
Постот беше причина
за да се огласи Интер, „нероаѕурите“ појаснија дека заканата пристигнала во
клупските канцеларии а не на домашна адреса.
„Во врска со
сториите кои беа објавени денеска, Интер сака да појасни дека Антонио Конте
лично не доби заканувачко писмо, и како последица на ова, самиот тој не појде
во полиција. Клубот го доби писмото и како што налага протоколот во вакви
ситуации, ние ги известивме службите кои се надлежни за ова“ – се вели во
известувањето.