172
Доколку се
остварат последните најави на весниците од „островото“, Манчестер јунајтед ќе има
страшна офанзива во иднина, составена од млади, брзи и пробивни фудбалери.
„Ѓаволите“ во
зимскиот преоден рок планираат да ги ангажираат Ерлинг Браут Халанд и Џејдон
Санчо. Норвежанецот и Англичанецот блескаат во РБ Салцбург, односно Борусија
Дортмунд и се на мета на многу гиганти. За да ја победи конкуренцијата, клубот
од Олд Трафорд е подготвен да инвестира 200 милиони фунти.
Двајцата играчи,
кои имаат по 19 години, се приоритет на Оле Гунар Солшер и Манчестер јунајтед
нема да штеди за да креира тим во кој головите сигурно ќе бидат загарантирани.
