Дортмунд ја одреди цената на Џејдон Санчо, наддавањето за младата англиска ѕвезда започнува на 140 милиони евра!

by
1 минути читање

Тинејџерот година
дена блеска во дресот на „милионерите“ и со своите одлични игри го привлече
вниманието на гигантите ширум Европа. Најзагреани се клубот од „островото“ како
Манчестер јунајтед, Ливерпул и Манчестер Сити а интерес пројавуваат и Барса,
Реал Мадрид, Јувентус и ПСЖ.

Џејдон Санчо е
под договор со Борусија Дортмунд до 2022 и само прашање на време е кога тој ќе
замине од Сигнал Идуна Парк.

Дејли Мејл оваа
недела пренесе дека играчот одлучил да ја промени средината веќе по крајот на
сезоната, а според денешното издание на Билд, „милионерите“ нема да му стојат
на патот и можно е да го продадат веќе во јануари.

Но Борусија
Дортмунд дебело ќе наплати, клубот го известил играчот дека очекуваат понуда од
најмалку 140 милиони евра. Тие веруваат дека Џејдон Санчо е далеку поголем талент
од Осман Дембеле (кого го продадоа на Барса за 105+40 милиони евр) па затоа
поставиле толку висока цена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×