Во 2012 Варди од петолигашот Флитвуд направи трансфер во Лестер со кој креираше историја освојувајќи ја Премиерлигата и се промовираше во еден најдобрите напаѓачи во Англија.
Интересно, пред да потпише за Лестер, Варди можел да се пресели во Партизан.
Во 2012 година Аврам Грант беше тренер на Партизан и тој му предложил на раководството на српскиот клуб да го купат Варди, но тие тогаш немале пари иако тој чинел само еден милион евра.
„Грант веднаш ни рече да го донесеме Варди и ни тврдеше дека повеќекратно ќе ни се исплати. Ние тогаш немавме ни динар, а не па милион евра колку што бараа Англичаните. Ние немавме ни генерален спонзор… Немаше пари како што сега има Партизан“, вели поранешниот претседател на црно-белите, Драган Ѓуриќ.
„Немојте да ве лаже тоа што петолигаш ни бараше милион евра. И тогаш Варди беше пеколен напаѓач, иако не толку познат. Грант ги знаеше сите тие момци во Англија, беше мајстор за откривање таленти, но ете, ние бевме во голема криза и не можевме да го купиме“.
„А да ги имавме тие пари и да го купевме, сигурно тогаш сите ќе не критикуваа зошто даваме толку пати за непознат играч. Денеска Партизан и Звезда носат разноразни странци и даваат толку пари и никој ништо не им вели“.