Русија одбива да го носи новиот дрес, Адидас го погреши дизајнот и го постави знамето на Србија (ФОТО)

by
0 минути читање

Репрезентациите полека почнуваат да ги презентираат новите дресови со кои ќе настапат на континенталниот собир во 2020, промоција минатата недела направи и Русија.

Сепак, „зборнајата“ одбива да го носи дресот и за последните два натпревари од квалификациите против Белгија и Сан Марино ќе го носи стариот. Причина е грешката во дизајнот која ја има направено Адидас.

Спорни се боите на ракавите, кои треба да го симболизираат знамето на Русија, но тие се поставено обратно и дизајнот наликува на знамето на Србија.

Германскиот производител на опрема се извини и најави дека ќе ја исправи грешката во најбрзо можно време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×