832
Рахим Стерлинг доби казна, а Џо Гомез го извлече подебелиот крај кога физичките последици од тепачката се во прашање.
Денеска излегоа слики дека играчот на Ливерпул има гребаница од дуелот со Стерлинг.
Денеска на прес конференција селекторот Герет Саутгејт говореше за инцидентот. Тој потврди дека Стерлинг нема да игра против Црна Гора, тоа му е казната за тепачката. Но фудбалерот на Сити не е избркан од репрезентацијата, тој останува во кампот и веднаш по следниот дуел ќе се врати во тимот, ќе игра на дуелот со Косово.
Саутгејт не говореше во детали за инцидентот, но е разочаран дека излегуваат информации од репрезентацијата за конкретниот случај.
