Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека фудбалерите на Наполи
ангажираат бодигарди, а воедно живеат во страв поради можна одмазда од страна
на навивачите, сево ова доаѓа по последните случувања во клубот.
Алан беше фудбалерот
кој се споменуваше како еден од главните „бунтовници“ во тимот од Неапол поради
посакуваниот карантин од страна на првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис,
идеја која наиде на несогласување во тимот, како и непочитување на истата
одлука на клубот.
Токму домот на
Алан беше ограбен, а за работите да бидат уште покомплицирани од таа несреќа,
во моментите кога влегле крадците, во домот била и неговата сопруга која е
бремена.
Веднаш потоа
ограбена беше и сопругата на Пјотр Зиелински, Лаура, поточно ограбен беше
нејзиниот автомобил и од него биле украдени документи и останати работи.
„Кориере дело
Спорт“ пренесува дека дефанзивецот Калиду Кулубали, кој важи за еден од
најдобрите на својата позиција во светот на фудбалот денеска, веќе најмил
бодигард кој ќе се грижи за него и неговото семејство постојано, а сопругата на
големото засилување од изминатиот летен преоден рок, Хирвинг Лозано, Џени веќе
го напуштила градот.
Оваа седмица,
дури 13 членови на италијанскиот вицепрвак ќе имаат репрезентативни обврски,
меѓу кои и нашиот Елиф Елмас, а тоа наводно ќе му даде доволно време на претседателот
на Наполи, Де Лаурентис за да ги изнесе сите детали околу потенцијалните казни
по „бојкотот“ од страна на фудбалерите, на чија страна застана дури и тренерот
Карло Анчелоти, кому му се заканува отказ.
Анчелоти наводно
има два меча (против Милан и Ливерпул) за да си ја спаси функцијата во тимот, а
во Италија пишуваат дека казните кои Де Лаурентис би ги одредил нема да бидат
мали, па така се шпекулира дека би можеле да изнесуваат и до 25 % од платата на
фудбалерите.