Во Ливерпул се
загрижени поради влошената состојба на глезенот на првата ѕвезда на таа екипа,
Мохамед Салах, откако Египјанецот се здоби со повреда во победата од 3-1 над
Манчестер Сити во големото дерби од Премиерлигата изминатиов викенд.
Според пишувањата
на „Дејли Мејл“, се вели дека повредата кај Салах од дуелот со Лестер пред
неколку кола се уште не е залечена, а доколку проблемот стане уште поголем,
Салах би можел да отсуствува од мечот на гостински терен кај Кристал Палас
идната сабота по крајот на интернационалната пауза.
27 годишниот
офанзивец се приклучи на селекцијата на Египет, меѓутоа за него следат
медицински тестови, а ќе биде подложен на третман од страна на медицинскиот тим
на Ливерпул доколку проблемите со таа повреда нараснат, пренесува „Дејли Мејл“.
Енди Робертсон
исто така се соочува со слични проблеми, а Шкотланѓанецот исто како и неговиот
соиграч е неизвесен за гостувањето во Лондон идниот викенд.
Исто како и Салах,
Робертсон ќе отсуствува за време на интернационалната пауза, па така нема да
биде на располагање на селекцијата на Шкотска.