„Граѓаните“ по поразот на Енфилд заостануваат дури 9 бода зад Ливерпул, но
се уште е само ноември и ништо не е загубено. За да се стигнат „црвените“, но и
да се остане конкурентен во Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола ќе добие солиден
трансфер буџет во јануари.
Дејли Мејл вели дека Шпанецот на располагање ќе има најмалку 100 милиони
фунти за засилувања. Идејата е да се ангажираат тројца играчи, а приоритет е
нов централен дефанзивец.
По заминувањето на Винсент Компани и повредата на Ајмерик Лапорт,
Манчестерс Сити е тенок во одбраната па Пеп Гвардиола е приморан да го игра
Фернандињо во срцето на дефанзивата, и тоа му создава многу проблеми.
Пеп Гвардиола исто така ќе се обиде да најде замена за
двајца ветерани во составот
односно Давид Силва, кој ја игра последната сезона на Етихад и Серхио Агуеро,
кој исто така е при крајот од авантурата во Манчестер Сити и има уште 18 месеци
од договорот.