323
Барселона во саботата ја совлада Селта со 4-1 на Камп Ноу а херој на
домаќините по кој знае кој пат беше Лео Меси. Аргентинецот два пати погоди
мајсторски од слободен удар, а мечот го заврши со хет-трик.
Медиумите од Шпанија сега пишуваат дека напаѓачот имал ситна повреда.
Камерите на Мовистар и емисијата „Ел Диа Деспуес“ неколку пати го уловија
фудбалерот со болна гримаса на лицето и како се држи за бутниот мускул на
левата нога на загревањето и во текот на мечот.
Cosas que no vemos sobre Messi. #ElDíaDespués pic.twitter.com/lGq0evqapE
— El Día Después en Movistar+ (@ElDiaDespues) November 11, 2019