Челниците на Јувентус зад затворени врати ќе го решаваат случајот со Роналдо

by
1 минути читање

Маурицио Сари реши да го извади Кристијано Роналдо од игра во 55. минута на мечот со Милан и тоа крена многу прашина. Португалецот лут го напушти теренот, а потоа и стадионот.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус сака да го затвори случајот со Роналдо, но нивната дискусија со фудбалерот да остане во клубот.

Спортскиот директор Фабио Паратичи и потпретседателот Павел Недвед ќе имаат состанок со Кристијано Роналдо. Ѕвездата на Јувентус нема да добие казна, но ќе добие опомена дека таквото негово однесување не смее да се повтори.

Паратичи имал контакт и со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш кој исто така треба да влијае на Португалецот бидејќи сликата која тој ја испраќа не е пријатна ниту за клубот ниту за самиот фудбалер.

Челниците на Јуве очекуваа Кристијано Роналдо и да им се извини за неговото непримерно однесување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×