Мајтап за победата на Ливерпул над Сити предизвикал инцидент на тренингот на Англија, за гуша се фатиле Стерлинг и Гомез

by
1 минути читање

Возбудливото
дерби на Енфилд му прави проблеми на Герет Саутгејт. Англија денеска почна да
се подготвува за мечевите со Црна Гора и Косово, и на првиот тренинг дошла до
физичка конфротација.

Како што пишува
Дејли Мејл, Џо Гомез од Ливерпул се мајтапел со Рахим Стерлинг за триумфот од
3-1, на фудбалерот на Манчестер Сити не му се допаднале кажаните зборови па двајцата
се фатиле за гуша.

Двајцата морале
да бидат разделени од соиграчите, кои биле прилично шокирани од она што се
случило. Гомез и Стерлинг имаа конфротација и во финишот од пресметката помеѓу „црвените“
и „граѓаните“, но тогаш се заврши со вербално кошкање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×