Кјелини веќе 15 години е играч на Јувентус, сите знаат дека со срце игра за италијанскиот шампион и дава се од себе на секој натпревар, но малкумина знаат дека како мал тој навивал за Милан.
„Бев фан на Милан, за жал, но потоа станав подобар. Станував попаметен како што созревав. Малдини ми беше омилен играч“, по малку на шега рече Кијелини на денешната средба со деца членови на Јуве кои го прашуваа разни прашања.
„Имам брат близнак, тој беше фан на Јуве и јас требаше да бидам против него и почнав да навивам за Милан. Можете да замислите колку беше среќен кога Јуве ме купи кога имав 20 години?“.
„Кога се преселив тука веднаш се заљубив во клубот и сега мислам дека тешко е да најдете поголем фан на Јуве на земјата од мене“.
Кијелини подели и некој совет за младите дефанзивци како да станат подобри.
„Мора да најдете задоволство во тоа да спречите акција. Емоциите кои другите ги имаат во давање голови, вие мора истите тие да ги почувствувате кога ќе запрете некој“.
„Доколку ги најдете овие емоции, ќе може да станете одличен дефанзивец“.