Клоп му се налути на упорниот камерман: Јас не сум кловн! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул имаше незгодна ситуација по крајот на мега дербито
со Манчестер Сити кое неговиот тим го доби со 3-1 во еден за многумина мошне
важен меч во битката за титулата во Премиерлигата.

Во моментите кога
Клоп ги поздравуваше фановите на Ливерпул од центарот на теренот, традиционално
како и на сите натпревари имаше камерман веднаш до него кој го регистрираше
неговото однесување, меѓутоа еден детал мина со негативна реакција од страна на
Германецот.

Камерманот во
еден момент побара од Клоп да прослави со неговата добро позната „тупаница“, на
што Германецот гледајќи кон камерата веднаш му возврати со зборовите „Не додека
ти си тука, јас не сум кловн
“.


class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/tcHaey2E4v

Можно е и ова да ти се допаѓа

×