Во Италија шпекулираат: Роналдо со овие вулгарни зборови кон Сари заминал во соблекувалната

by
1 минути читање

Бранителот на шампионскиот трофеј во Италија, екипата на
Јувентус со тешки маки стигна до посакуваните три бода од дерби пресметката со
Милан на домашен терен, а голот за минимална победа го постигна „џокерот“ од
клупата Дибала.

Дибала токму на
местото на Роналдо влезе во игра на дерби мечот во Торино уште во 55. минута, а
во Италија пренесоа дека првата ѕвезда на „Старата дама“ не го ни дочекал
последниот свиреж, па веднаш си заминал во својот дом, веројатно лут на
одлуката на Маурицио Сари да го повлече од игра, нешто што е веќе пракса кај
искусниот фудбалски стратег изминатиов период.

Во Италија
пренесуваат дека Роналдо бил доста налутен во тунелот откако бил заменет, а „ИлБјанконеро“
пренесе дека Португалецот имал и вулгарен коментар кон својот тренер пред да
влезе во соблекувалната.

Ку*кин син“,
наводно бил коментарот на Роналдо кој бил упатен кон Сари.

Тоа што е интересно, е фактот што Сари одлучи да го повлече Роналдо и на дуелот против Локомотив Москва во Лигата на шампионите, тоа Италијанецот го стори во 82. минута при резултат 1-1, за неколку минути подоцна „Старата дама“ да дојде до победа од таа пресметка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×