„Роналдо не може да си замине дома пред крајот на мечот, за ова може да добие суспензија од две години“

by
1 минути читање

Португалецот вчера беше повлечен од игра на стартот од вториот дел, не ја прифати добро одлуката, кога го напушташе теренот нешто му дофрли на Маурицио Сари и нервозно се упати право во соблекувалната наместо да седне на клупата.

Одредени извештаи велеа дека тој не го дочекал крајот на натпреварот, и неколку минути пред последниот свиреж го напуштил стадионот.

Контроверзниот Антонио Касано го прокоментира ваквото однесување на Кристијано Роналдо и вели дека ЦР7 ризикувал голема казна доколку бил избран за допинг контрола.

„Дали Кристијано Роналдо навистина си заминал три минути пред крајот на натпреварот? Не може да го правите тоа бидејќи има допинг контрола. Мене истото ми се случи пред 12 години, на дуелот помеѓу Рома и Лацио. Капело ме извади од игра, полудев и веднаш си заминав дома. Морав да се вратам бидејќи ме одбрале за допинг тест и доколку не го направев вечерта ми се закануваше две години суспензија“ – вели Антонио Касано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×