Сари: Би бил позагрижен ако Роналдо не се нервира кога ќе го извадам од игра

by
1 минути читање

Роналдо играше само 55 минути против Милан кога беше изваден од игра, а на негово место влезе Дибала кој подоцна го реши мечот. Португалецот не одигра цел меч ниту против Локомотив Москва.

„Мора да му се заблагодариме на Роналдо бидејќи тој направи жртва да биде на мечот во тешка ситуација. Тој даде се од себе за да може да игра, видов дека не е добар и помислив дека е најдобро да го извадам“, изјави Сари по мечот.

„Природно е фудбалерот да биде нервозен кога го напушта теренот, особено бидејќи тој работеше напорно за да може да игра. Во изминатиот месец има проблем со коленото поради еден удар на тренинг кој му го повреди лигаментот. Кога тренира со висок интензитет или игра оваа повреда му влијае и на бутните мускули“.

„Тоа влијае на неговите перформанси и тој не е во најдобар момент. Сите фудбалери кои се обидуваат да го дадат најдоброто на теренот се нервозни кога ќе треба да излезат од игра, но јас сум тренер и генерално би бил позагрижен доколку тие не се нервираат во таква ситуација“.

Според италијанските медиуми, Роналдо предвреме го напуштил и стадионот, не дочекал мечот меѓу Јувентус и Милан да заврши, таа вест можете да ја прочитате ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×