Мурињо: Ливерпул овој пат нема да загуби во битката за титулата

by
1 минути читање

Португалскиот стратег беше на Енфилд во студиото на „Скај Спортс“ за кој работи како аналитичар. По мечот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, Мурињо ја прокоментира трката за шампионската титула во која црвените имаат девет бода предност пред актуелниот шампион.

„Доколку сте зад лидерот во трката за титулата, треба да мислите дека можете да ги стигнете. Доколку сте на врвот во лигата со голема предност, треба да имате чувство дека уште не е готово“, вели Мурињо.

„Но јас не сум таму, јас сум тука. И тука од мојата позиција, мислам дека е готово освен ако не се случи нешто драматично како некоја ситуација со повреди што ќе го скрши тимот“.

„Но мислам дека тимот е комплетен. Мислам дека начинот на кој играат е адаптиран на квалитетите на играчите“.

„Начинот на кој Фирмино игра за да ги стави Мане и Салах во такви позиции, големината на теренот кој Хендерсон и Вајналдум го покриваат во средниот ред… – сложувалката е комплетна. Мислам дека титулата е решена“

„Сити може да победи седум, осум, девет натпревари по ред, но не можам да видам како Ливерпул ќе загуби предност од девет бодови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×