220
Паоло Дибала влезе во игра од клупата за резерви, го замени Роналдо во 55. минута а потоа и го реши натпреварот.
Дибала мајсторски го помина Алесио Ромањоли, а потоа со десна нога постигна гол.
„Мислам дека најважно е дека победивме, а не кој постигнал гол. Не беше ова наш најдобар натпревар, но важно победивме, а тоа ни е примарна цел во ловот на Скудетото“, вели Дибала.
„Милан не ја почна најдобро сезоната, но тие се уште се Милан. Одличен тим со квалитетни фудбалери кои може да ви создаде проблеми, Шчесни беше многу добар денеска“.
„Никој не очекуваше јас да дадам гол со десна нога! Топката ми се намести таму и требаше да шутнам со десна, за среќа погодив“.