Јунајтед со помал посед на топка но пет пати повеќе шанси го совлада Брајтон за прва победа дома по два месеци (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Солшер
конечно ги израдуваа своите фанови во Премиерлигата, денеска на Олд Трафорд
го совладаа Брајтон. Гостите можеби имаа поголем посед, но „ѓаволите“ им дадоа три
гола, а можеа барем уште толку.

Резултатот беше
отворен во 17. минута, Перира биеше од врвот на шеснаесетникот, топката закачи
еден од дефанзивците и заврши во мрежата. Две минути подоцна веќе беше 2-0,
Пропер си постигна автогол.

Данг во 64. Минута
намали на 2-1 и најави интересен финиш, но Манчестер јунајтед веднаш реагираше,
Рашфорд постигна гол во 66. минута и ги реши дилемите околу победникот.

На вториот
натпревар од 15 часот во Премиерлигата, Вулверхемптон со 2-1 ја совлада Астон
Вила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×