Мота: Пандев е препороден? Не, тој секогаш бил одличен

by
1 минути читање

Тиаго Мота и Горан Пандев се клупски другари од славната генерација на Интер која под водство на Жозе Мурињо ја освои историската тројна круна.

Мота многу добро ги знае квалитетите на Горан Пандев и под негово водство македонскиот капитен игра одлично. Па тренерот по синоќешниот меч против Наполи доби прашање дали смета дека Пандев е препороден.

„Не би рекол дека е препороден, Горан во текот на целата кариера покажува дека е одличен фудбалер и сега тоа повторно го прави. Тој е играч кој работи многу не само во офанзивата, туку и во дефанзивата. Денеска имаше уште еден одличен меч, работеше заедно со сите свои соиграчите и сите тука сме среќни што го имаме него. Мислам дека можеме да го искористиме и уште повеќе во играта меѓу линиите“, изјави Мота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×