211
Меси беше херој на Барселона во победа над Селта од 4-1. Аргентинецот постигна три гола, од кои првиот беше од пенал, но вторите два беа прекрасни од слободен удар.
Победата ја завери Бускетс со погодок во 85. минута.
Претходно Реал Мадрид со уште поубедливи 4-0 славеше на гостувањето кај Еибар.
Два гола даде Бензема од кои едниот од пенал Рамос исто така беше прецизен од пенал, а победата ја завери Валверде во вториот дел.
Барселона и Реал Мадрид имаат ист број на бодови на врвот, Каталонците имаат подобра гол разлика.