Ангеловски го повика Аврамовски за мечевите со Австрија и Израел, го врати и Ѓорѓев

by
0 минути читање

Најдобриот стрелец во досегашниот дел од сезоната во домашното првенство, напаѓачот на Вардар, Даниел Аврамовски се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски за престојните мечеви со Австрија и Израел.

Во репрезентацијата се враќа и играчот на Грасхоперс, Никола Ѓорѓев. 

На списокот се и Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски кои се суспендирани за мечот со Австрија, ќе бидат во комбинација само за дуелот со Израел.

Го нема Аријан Адеми кои влече повреда и ќе ја искористи репрезентативната пауза да ја санира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×