143
Натпреварот против Словенија беше прв меч за Стефан Ристовски оваа сезона, тој се уште нема настап за Спортинг Лисабон откако се повреди.
Ристовски одигра 80 минути, а потоа беше заменет со Тошевски. Тој вели дека планот бил да одигра значително помалку.
„Планот беше да одиграм 30 минути, но ризикував за Македонија. Поради тоа тука има и човек од Спортинг, но желбата да играм пред нашата публика беше голема. Драго ми е што стадионот се наполни и луѓето видоа дека Македонија може да игра против секого“, изјави Стефан Ристовски.