„Црвено-жолтите“
со 2-1 ја совладаа Словенија и остана во трката за водечките две позиции во
Групата Г кои носат пласман на Европското првенство. Капитенот Горан Пандев не
го криеше задоволството од играта и освените три бода.
„Одигравме еден
одличен натпревар, тактички извонредно, ги чекавме нашите шанси и заслужено
победивме. Ги добивме Словенците во секој сегмент од играта, добро ги
затворивме во фаза на одбрана, а потоа преку полуконтри и контранапади креиравме неколку добри прилики и сосема заслужено триумфиравме“ – вели Горан
Пандев.
Тој не се штедеше
ниту со пофалбите за херојот на мечот,
двојниот стрелец Елиф Елмас
„Нема што да се
зборува многу за Елиф, тој е нашиот најголем бисер. Како што кажав и претходно,
Елиф е нашата иднина и треба да биде носител на оваа репрезентација, како што
тоа го направи вечерва. Елиф беше прекрасен, но честитки заслужуваат сите
момци, го оставија срцето на терен. Огромна поддршка имавме и од публиката, тие
бие нашиот 12-ти играч и огромна благодарност за тоа“.
ФОТО: Драган Ристовски