Вардар како лидер отпатува на гостувањето кај големиот ривал Шкендија со предност од девет бодови пред нив, таквата разлика ја сочува откако одигра 0-0 во Тетово.
Шкендија беше поблиску до победата, создаде повеќе шанси за гол, но Вардар го имаше расположениот Гачевски кој не дозволи да се затресе неговата мрежа.
Немаше голови и на натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Шкупи.
Академија Пандев со 2-0 го победи Силекс. Головите ги постигнаа Дориев во првото и Стоилов во второто полувреме.
Најефикасно беше во Велес каде Борец со 3-2 ја победи Екипата на Струга Трим Лум. Гостите поведоа преку Кировски уште на стартот на мечот, Борец изедначи со автогол на Драгарски а Христов од пенал погоди за комплетен пресврт и водство на домаќините. Кировски пред крајот на полувремето изедначи, но во вториот дел Борец постигна уште еден гол преку Прелчец и дојде до победа од 3-2.
Резултати 9. коло
Шкендија – Вардар 0:0
Македонија ЃП – Шкупи 0:0
Академија Пандев – Силекс 2:0
Борец – Струга ТЛ 3:2
Вчера: Работнички – Ренова 1:0
Табела:
1. Вардар 20
2. Академија Пандев 18
3. Македонија ЃП 15
4. Шкупи 13
5. Ренова 13
6. Шкендија 11
7. Работнички 10
8. Силекс 9
9. Стурга ТЛ 8
10. Борец 8
Фото: ФК Шкендија