316
Сезоната е во рана фаза а Јаховиќ веќе постигна десет голови. Денеска четири пати ја тресеше мрежата на Денизлиспор.
Првите два гола ги постигна од пенал, третиот со глава, а последниот му беше посебно убав.
Јаховиќ има дадено седум гола во турската Суперлига и три во квалификациите од Лига Европа, но и покрај тоа не добива повик од селекторот Игор Ангеловски. Веројатно нема да добие и во иднина поради недоразбирањата меѓу двете страни.