Работнички
денеска го прослави својот 82-ри роденден, за подарок тимот од Дебар Маало доби
победа во пресметката со Ренова.
Во натпревар со
малку шанси, домаќините стигнаа до три бода благодарејќи на автоголот на
гостинскиот играч Ненад Мишковски во 58, минута.
„Романтичарите“
во финишот од мечот имаа прилика за поубедлив триумф, но промашија пенал. Сепак
тоа нема многу да го промени славјето бидејќи беше остварена зацртаната цел.
Работничи е еден
од најстарите фудбалски клубови во Македонија, формиран е на денешн ден во 1937
годиниа, а една година подоцна почнува да се натпреварува. „Херојот од Дебар
Маало“ најчесто играше во Втората лига на поранешна Југославија, а во 50-те
златни години стигна и до Првата лига.
По
осамостујувањето на Македонија може да се пофали со четири шампионски титули и
четири купови, како и добри настапи на европската сцена.
ФОТО: ФК Работнички