268
Леванте потврди дека Барди се повредил и ќе паузира во наредните три недели, тоа значи дека речиси и да нема шанси тој да се појави на собирот во Скопје на 7 октовмри пред дуелите со Словенија и Полска.
„Енис Барди има повреда на задната ложа од десниот мускул. Се очекува да се врати на теренот за три недели“, стои во соопштението на Леванте.
Претходно се повреди Дарко Велковски кој исто така сигурно ги пропушта престојните дуели на Македонија, Бејтулаи има жолти картони.
Добра вест е тоа дека Стефан Ристовски би можел да се врати во составот откако при крај е со рехабилитација од повредата поради која се уште нема првенствен натпревар за Спортинг Лисабон оваа сезона.