Челси му даде пет гола на Волвс, хет-трик на Абрахам (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Младите играчи на Челси беа брилијантни на денешниот меч, особено Абрахам кој постигна хет-трик.

Серијата голови ја почна 21-годишниот дефанзивец Томори кој погоди за водство од 1-0, потоа следуваа три гола на Абрахам за 4-0. Веќе беше јасно кој е победникот.

И следниот гол на мечот го даде Абрахам но во сопствената мрежа и го намали водствоот на својот тим.

Кутроне го постигна својот прв гол за Волвс во Премиерлигата намалувајќи на 4-2, а Маунт ги постави конечните 5-2.

Челси со убедливи 4-0 го совлада Кристал Палас, сите голови беа дадени во првото полувреме. Два беа дело на Сон, еден постигна Ламела, еден беше автогол на Ван Анхолт.

Манчестер јунајтед со гол на Рашфорд уште во осмата минута го победи Лестер со 1-0.

Победа од 1-0 славеше и Саутемптон на гостувањето кај Шефилд јунајтед, Брајтон и Барнли одиграа реми 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×