Полицијата бара да не се применува новото правило на ФИФА за дербито на Саут Коуст

by
1 минути читање

За две недели во
Англија на програмата е третото коло од Лига купот, а во еден од натпреварите
се среќаваат Портсмут и Саутемптон. Се работи за локални ривали од јужниот брег, пресметка позната како дерби на Саут Коуст, па
полицијата очекува проблеми.

Стравувајќи за
безбедноста, полицијата бара да не се применува едно од новите правила кои на
сила стапија ова лето, поточно насоките играчот кој ќе биде заменет да го
напушти теренот на најблиската страна а не кај клупата со резерви.

Идејата на ова
правило е да се спречат обидите за трошење на време при заменетите, но
полицијата очекува жешка атмосфера на Фратон Парк и стравува дека играчите би можеле да
бидат доведени во опасност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×