Без голови во
првото полувреме од мечот помеѓу Израел и Македонија во рамките на петтата
рунда натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020. година, ако
сумираме, веројатно треба да бидеме задоволни од изданието на избраниците на
Ангеловски по првите 45 минути игра. Статистиката докажува дека проследивме рамноправно прво полувреме, каде домаќинот имаше пет обиди од кои еден во рамките на голот, исто како и нашиот состав.
Сплет на среќни
околности беше големиот кикс на Димитриевски во 24. минута кога во обид да
стигне прв по една нафрлена топка, истата ја испушти од раце, а во истата
акција домаќините преку Дабур ја затресоа мрежата од нашиот гол, меѓутоа голот
беше поништен поради играње со рака на стрелецот на погодокот.
Веќе три минути
подоцна следеше и првата посериозна шанса за нашиот состав, меѓутоа добриот
обид на Барди со крајни напори беше одбранет од страна на домашниот голман Марсиано.
Веќе во 29.
минута Алиоски тргна сам во соло акција од нашата половина, сам ја заврши
акцијата по контрата која сам ја повлече, меѓутоа неговиот обид кој беше
солиден, заврши крај голот на Израел.
Во 33. минута
Елмас имаше убава прилика да постигне гол, меѓутоа иако се најде во
чувствителен дел од казнениот простор на домаќините, неговиот обид беше
блокиран, последната прилика
Македонија ја имаше преку Несторовски кој прими повратна топка, меѓутоа немаше
толку отворен простор да направи повеќе од обид кој заврши покрај голот на
Израелците.
Македонија
настапува во формациска поставеност 3-1-4-2, а селекторот Игор Ангеловски се
реши за следниот почетен состав: Димитриевски; Муслиу,
Велкоски, Ристевски; Николов;
Бејтулаи, Адеми, Барди, Алиоски;
Несторовски, Барди.
Капитен на мечот
во Бер Шева во нашиот состав е Несторовски, Пандев поради повреда не беше во
можност да го почне мечот со Израелците.