Трансферот на Елмас од Фенербахче во Наполи втор на листата најскапи во Турција

by
1 минути читање

Се спушти
завесата и во летниот преоден рок за трансфери во турскиот фудбалски шампионат,
тоа се случи во текот на вчерашниот ден, а веќе има различни статистички
податоци за тоа како помина тој период во Турција.

Вкупно 345
фудбалери биле продадени во Турција со вкупна сума од 81 милион евра, а со
тоа се постигна рекорд во заработката од трансферите, најскапиот трансфер е
оној на Јусуф Јазичи, кој од Трабзонспор се пресели во Лил за сума од 16,3 милиони евра, веднаш зад него на листата на најскапи трансфери е токму нашиот
Елиф Елмас.

Елмас ова лето за
сума од 15,8 милиони еврасе пресели од Фенербахче во Наполи, каде веќе почна
со настапи, а по македонскиот репрезентативец водечката тројка на таа листа ја
заокружува трансферот на Мерих Демирал за 9,1 милион евра од Аланијаспор во
Сасуоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×