Иако се очекуваше дека Шкендија ќе се раздели со Османи по катастрофалните игри на европска сцена, тие го оставија да го почне и првенството. По четири одиграни кола шампионот е на последното место со само еден освоен бод. Разделбата беше неминовна.
„ФК Шкендија сака да соопшти дека ја раскинува соработката со стручниот штаб. Анализирајќи ја ситуацијата и негативните резултати во изминатиот период, одлучивме да се разделиме со стручниот штаб предводен од Ќатип Османи. Ние како Шкендија му се заблагодаруваме на Ќатип Османи за неговиот доприност во историскиот успех во изминатите години и му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.
До назначување на нов тренер, Ерхан Селими ќе биде привремен предводник на тимот.