Лидс тргна доста убедливо во новата сезона од англиската Чемпионшип
дивизија, тимот на Марсело Бјелса освои четири победи, а реализираше и едно
реми во петте досегашни кола, со што е на делба на првото место на табелата
заедно со Свонси.
Изминатиов викенд тимот од „Еланд Роуд“ славеше на гостувањето кај Стоук со
убедливи 0-4, а еден од погодоците за гостинскиот табор постигна и нашиот
Езгјан Алиоски, кој, како што пишуваат на Островот, го дава најдобриот одговор
до сите негови критичари.
„Перформансите кои ги прикажа еден од фудбалерите на победничкиот тим беа
доста импресивни, Марсело Бјелса веќе направи одредени промени, најмногу поради
проблемите со повредени фудбалери, изданието на Езгјан Алиоски по левата страна
беше нешто што се покажа особено задоволително“ пишува „Фудбалфанкаст“ во
објавата која е де од „Шалкборд“ сериите кои нудат тактички анализи на екипите,
фудбалерите, тренерите и многу повеќе од тоа.
„Македонецот не е во најдобар однос со навивачите на Лидс, а фактот дека е
така докажуваат и повеќето објави на социјалните мрежи во кои се споменува тој
и покрај неговата продуктивна игра во дуелот со Брентфорд“ додава истиот
медиум.
„Играјќи по левата страна, креираше три шанси, најмногу од сите фудбалери
на Лидс, тим кој имаше проблеми во играта во мечот со Брентфорд“ потсетува
медиумот на минималната победа против Брентфорд на домашен терен во претходното
коло, каде Македонецот ги одигра сите 90 минути.
„Врз 27 годишниот фудбалер беа направени два прекршока, воедно тој имаше
голем импакт и во играта во дефанзивна улога, освои три дуелит и направи две
расчистувања на опасноста пред својот гол“ заклучи „Фудбаланкаст“ во својата
анализа базирајќи се на статистиката од „Хускоред“.
